Патека Хотел Молика – Копанки – Јоргов Камен – Црвени Стени

Патека Хотел Молика – Копанки – Јоргов Камен – Црвени Стени

Хотел Молика – Копанки – Јоргов камен – Црвени стени

      

Опис на патеката:

  1. Делот од патеката – Хотел Молика – Копанки  е долг 1,2 километри и може да се користи за рекреативно искачување од хотелот Молика до месноста Копанки (порано Планинарски дом Копанки),  започнува од Хотелот Молика и завршува на платото  Копанки, до каде досега Жичарницата, која поаѓа од хотелот Молика.  Намената на патеката е планинарска и пешачка, наменета и како патека за рекреација.Тежина на овој дел од патеката: Лесна патека

Стартно место/надморска  висина: Хотел Молика на 1.420мнв.,

           

      

        

Крајна точка е  Копанки: 1.630 мнв.

Вкупна денивелација: 210 мнв., должина на патеката: 1,2 км. Просечно време на минување: 25 мин.

   

 

2.  Делот од Патека – Копанки – Јоргов Камен – Црвени Стени  е долг  4,3 километри и временски трае 1,30 часа. Патеката започнува од локалитетот Копанки, од каде продолжува кон Јоргов Камен и потоа кон Црвени Стени. Намената на овој дел од патеката е планинарска, рекреативна – визуелно атрактивна. Од платото на Копанки може да се ужива во глетката кон Пелагонија и соседните планини. Патеката продолжува низ моликова шума и камени „реки“ и се искачува до Јоргов Камен од каде има прекрасен поглед кон Битола и Пелагониската котлина, а потоа од Црвени стени има поглед кон Дебел Рид, Орлови Бари и долините на реките Сапунџица и Црвена Река.

Тежина на овој дел од патеката: Лесна патека

Стартно место/надморска  висина: Копанки на 1.6300 мнв.,

    

            

     

     

Крајна точка: Црвени стени 1.800 мнв., Вкупна денивелација: 380 мнв.

       

3. Можна варијанта е Хотел Молика – Ластојчин камен – Магаревска Река – каде, се вклучувате на патеката Магарево – Јоргов Камен – Црвени Стени