Лабораториска работа

Лабораториска работа

По неколкудневна лабораториска работа конечно знаеме што јадел деновиве рисот Нони.
Неговиот измет беше пронајден покрај плен од срна, кој микроскопски го потврдивме преку влакна, а со помош на методот на имунодифузија со преципитација заклучивме дека пред тоа тој се хранел со коза!
Слабиот белузлав лак кон најдесното „бунарче“ на првата фотографија е т.н. преципитациска линија и доказ за реакција на примерокот со антисериумот од коза.
Срната и дивокозата се двата најзначајни плена за балканскиот рис во Македонија и нивната достапност е силен фактор во преживувањето на рисовите.