Теренска обука за вработените од НП Пелистер
Теренска обука за вработените од НП Пелистер

Теренска обука за вработените од НП Пелистер за усогласување на практиките за управување со шумите пропишани во шумските планови за шумската единица “Вртешка” со Планот за управување со НП Пелистер.

Посебна цел на оваа обука е примената на современи практики за ревитализација на шумски насад од изданково во природно генеративно потекло.

Обуката ја спроведуваат проф. Николчо Велковски од Факултетот за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинжинеринг “ХАНС ЕМ” и проф. Славчо Христовски од ПМФ-Институт за биологија.