Делегација на Регионалниот Парк “Шкоцјанске Јаме” од Р. Словенија
Делегација на Регионалниот Парк “Шкоцјанске Јаме” од Р. Словенија

Делегација на Регионалниот Парк “Шкоцјанске Јаме” од Р. Словенија предводена од директорот Стојан Шчука беше во еднодневна работна посета на НП Пелистер.

Во рамките на оваа посета делегацијата имаше средба со директорот Осман Шукриу, при што стана збор за можна идна взаемна соработка.

Гостите го посетија Информативниот центар на Пелистер, а разгледаа и дел од природните убавини на паркот.