Големо Езеро – Мало Езеро – Врв Пелистер (и обратно)

Големо Езеро – Мало Езеро – Врв Пелистер (и обратно)
1. Големо Езеро – Мало Езеро – Врв Пелистер
Опис на патеката: Патеката долга е 6,5 километри и временски трае 2 – 2,30 часа.
Патеката започнува од Големо Езеро, проаѓа покрај Мало Езеро и се искачува до Врвот Пелистер.
Патеката може да се помине и во обратен правец, ако сте се искачиле по друга патека до Врвот Пелистер, можете да продолжите преку Мало Езеро, до Големо Езеро.
Намената на патеката е планинарска, рекреативна и визуелно е атрактивна, со поглед и видливост кон Преспанската Котлина по проаѓањето покрај Мало Езеро и искачување на главниот пат. По целото движење до Мало Езеро со поглед кон Битола и Пелагониската котлина. Погледот станува уште поатрактивен и кон четирите страни на светот, кога ќе се искачите на Врвот Пелистер, и тоа, со поглед кон: Преспанската Котлина, Пелагониската Котлина, врвовите на Баба Планина и градот Битола, и поглед кон планините во Грција и Албанија.
Тежина на патеката: Лесна патека
Стартно место/надморска висина: Големо Езеро на 2.218 мнв.,
Крајна точка: Врв Пелистер 2.601 мнв., Вкупна денивелација: 383 мнв.
Доминантен вид на растенија на овој простор се повеќе видови на тревни заедници, разни видови на планински цветови – качунката, полегнатиот каранфил, здравецот, линцурата, и сл., а од животинските видови може да се сретне зајак, смок, поскок, глушец, сокол и повеќе видови на пеперутки и инсекти, а вдолж овој простор живеат полу-диви коњи.
Патеката е од значителен туристички интерес за посетителите кои се интересираат за искачување до Врвот Пелистер или до Големо Езеро. Патеката е позната како Патека од Големо Езеро преку Мало Езеро до Антена, и обратно.
**************
2.Врв Пелистер – Мало Езеро – Големо Езеро (обратна насока):
Тежина на патеката: Лесна патека
Стартно место/надморска висина: Врв Пелистер 2.601 мнв.,
Крајна точка: Големо Езеро на 2.218 мнв., Вкупна денивелација: 383 мнв.
Намената на патеката е планинарска, рекреативна и визуелно е атрактивна, со поглед и видливост кон четирите страни на светот, од самиот Врв Пелистер, со поглед кон: Преспанската Котлина, Пелагониската Котлина, врвовите на Баба Планина и градот Битола, и поглед кон планините во Грција и Албанија. Со проаѓањето покрај Мало Езеро и со искачување на главниот пат се отвора поглед кон Преспанската Котлина и Преспанското Езеро.
Доминантен вид на растенија на овој простор се повеќе видови на тревни заедници, разни видови на планински цветови – качунката, полегнатиот каранфил, здравецот, линцурата, и сл., а од животинските видови може да се сретне зајак, смок, поскок, глушец, сокол и повеќе видови на пеперутки и инсекти, а вдолж овој простор живеат полу-диви коњи.
Патеката е од значителен туристички интерес за посетителите кои се интересираат за искачување до Врвот Пелистер или до Големо Езеро. Патеката е позната како Патека од Врвот Пелистер (Антена), преку Мало Езеро до Големо Езеро, и обратно.