Ела – Abies alba

Ела – Abies alba

Ела – Abies albaе автохтон европски вид на планините во Европа, и е зимзелено дрво кое расте на 40–50 м висина, со пречник на трупот до 1,5 м. Се јавува на надморска височина од 300-1.700 м, главно над 500 м, на планини со врнежи од дожд над 1.000 милиметри годишно. Листовите се во форма на игла, долги 1,8–3,0 см, сјајно темно зелени на горната страна. Бидејќи вирее на влажни и сенковидни места, таа на Пелистер, во недоволно сончевите простори, се обидува да го завземе местото на моликата.