Цркви / Манастири во Маловиште
Цркви / Манастири во Маловиште
Во селото Маловиште постојат неколку цркви и манастири
Црквата Св. Петка еголемата православна црква во село Маловиште. Црквата е изградена во 1856 врз темелите на друга помала црква, која датирала од крајот на 16 почеток на 17 век. Посветена е на големата христијанска маченичка Св. Петка, која верниците ја сметаат за заштитничка на мртвите. Празникот Св. Петка се празнува на 26 Јули.
Црквата има прекрасна архитектонска обработка. Во основата е долга 32м, а широка 20 м. Во црквата има мала икона со рељефна претстава на Св. Петка во позлатено сребро, која традиционално се става крај покојникот за време на одржувањето на погребните церемонии.
Во црквата има постојана галерија на икони со околу 100 примероци приложени во хронолошки распон од приближно 400 години.
Манастирот Св. Ана
На 1. 410м.н.в., и на 2, 5 км. југозападно од селото Маловиште, во висока букова шума изграден е манастирот „Св. Ана“. Постојат податоци дека егзистирал уште во средината на 18 век. Манастирот е посветен на Св. Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. (Денови за одбележување се 25 јули – 22 септември).
Црквата Св. Спас
Високо на планината под врвот Пирамида (Вртешка) на 2. 000 м.н.в., се наоѓа црквата посветена на Христовото Воскресение – Св. Спас. Празникот на црквата го менува датумот, но не и денот. Секогаш се слави во четврток, 40 дена по Велигден.
Покрај овие цркви, пстои и една црква при влезот во село Маловиште, црквичката посветена на Св. Ѓорги, а јужно, по последната куќа во Маловиште се наоѓа и параклисот Св. Атанасиј Велики.