Директорот на ЈУНПП Осман Шукриу потпиша договор со фирмата изведувач на Адреналинскиот парк

Директорот на ЈУНПП Осман Шукриу потпиша договор со фирмата изведувач на Адреналинскиот парк
Денес директорот на ЈУНПП Осман Шукриу потпиша договор со фирмата изведувач на Адреналинскиот парк, кој се спроведува во рамките на Проектот АВАНТУРА ПРЕКУ ГРАНИЦИ.
Оваа можност е од големо значење за нас како институција, бидејќи со овој парк ќе се зголеми туристичката понуда во Националниот парк Пелистер. Туристите ќе можат да уживаат во предизвиците кои нуди Адреналинскиот парк. Предвидена е изградба на адреналински парк за деца и возрасни, виа ферата и зип линија.