Мовови

Мовови

Во Додатокот на Планот за управување со НП „Пелистер” од 2006 година беа вклучени 1034 таксони растенија. Од нив, 21 беа мовови (Bryophyta u Marchantiophyta).  Дополнителните истражувања во 2019 г., додадоа дури 273 нови видови мовови, главно од страна на истражувачкиот тим од Финска, а пред се од Kimmo Syrjanen. Со тоа, флората на НП „Пелистер” сега е претставена со најмалку 1307 таксони.

Willow Frontalis pireticaВо живеалиштето 3260 Водени текови на рамнини до ниво на планина, кај повеќето потоци и реки на Пелистер, се сретнува мовот Willow Moss (Fontinalis antipiretica). Toj  расте на камења во реките и потоците, кои  главно се карактеризираат со јасни олиготрофни води.

Во типот на живеалиште 7140 –  близу до Големо и Мало Езеро се среќавав  мовот  Sphagnum spp.

Во живеалиштето 8150 се среќава мовот  Andreaea rupestris, кој е национално заштитен вид, бидејќи е ретко растение во флората на РС Македонија.

Полноводните потоци се богати со мовови, со висока доминација на мовот Cratoneuron commutatum или научно познат и под имињата Palustriella commutataилиCratoneuron falcatum.  Живеалитето  7220 * Петрификационите извори со формирање на туфа (Cratoneuron) се ретки и во Националниот парк Пелистер (Сапунџица, Ѓавато) Овие места се карактеризираат со присуство на Cratoneuron filicinum / Palustriella spp., мовови кои успеваат на тврда алкална вода.

            

Живеалиштето 7230 Алкални мочуришта се ретки и мали живеалишта на Пелистер. За него се карактеристични блатните мовови  како  Campylium stellatum, Bryum pseudotriquetrum и  Sphagnum contortum.

Mannia triandra е вид мов, кој е на Директива за живеалишта Анекс II ( сокод 1379). Ова растение се забележува на Пелистер, близу до крајбрежјето на Големо Езеро, 2200 м., на влажните карпи.

Мовот со зелена заштитна капсула (Buxbaumia viridis) е на Директива за живеалишта Анекс II (код 1386). Во НП „Пелистер“ има голема одржлива популација во мезијската  сребрена ела кај Палиснипоје. Buxbaumia viridis е незабележителен мов. Зелените зрели капсули со висина од околу  1 cm сè уште се прилично лесни за откривање. Buxbaumia viridis е типичен вид за шуми со стар раст со многу дрво што се распаѓа и влажна микроклима. Подлогата на Buxbaumia viridis обично е распаднато дрво од четинари во фази на крајот на распаѓање (Abies alba, PIcea abies), поретко се наоѓа на дрво кое се распаѓа од листопадни дрвја (Populus tremula, Fagus sylvatica). Сепак, понекогаш расте и на хумус или тресетлива почва. Buxbaumia viridis беше пронајден на три локалитети во НП Пелистер во 2018 година.