Обезбеден е ратрак за супер квалитетно подготвување на ски стазата

Обезбеден е ратрак за супер квалитетно подготвување на ски стазата

Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ преку својата Подружница РЕК Битола во соработка со ЕЛЕМ Турс и вработените од хотел Молика ги направи последните подготовки за започнување на уште една успешна ски – сезона на Копанки.
Обезбеден е ратрак за супер квалитетно подготвување на ски стазата која ќе Ви биде на располагање за Ваше уживање во зимските спортови
Ни преостанува да посакаме многу снег и да ја започнеме новата авантура на Ски Центарот Копанки.