Извештај за реализирана посета на Националниот Парк „Пелистер“

Извештај за реализирана посета на Националниот Парк „Пелистер“

Ученици и наставници од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, заедно со своите гости 10 наставници и 25 ученици од Германија, Португалија, Холандија, Италија и Ирска, како дел од проектот „Барање идентитет во време на социјални медиуми“ поддржан од програмата Еразмус+, на ден 22.09.2022 год. го посетија Националниот Парк Пелистер и реализираа низа проектни активности.
Најпрво, учесниците го посетија Инфо-Ценатрот, каде што имаа можност да проследат презентација на тема Биодиверзитетот во Националниот парк Пелистер, која ја одржа Виолета Сотировска и имаа можност да се запознаат со флората и фауната на Пелистер.
​Потоа следуваше вториот дел од активноста, а тоа беше реализација на работилницата насловена како „Дознајте ги ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ: Критичко размислување по претходно дадени информации – Како ќе ги проверите информациите“. Секој ученик доби работен материјал со информации, при што требаше да се провери веродостојноста на дадените факти. Следеше дискусија за тоа кои факти се вистинити, а кои не, како и за изворот и начинот на проверка на фактите, со што учениците ги заокружија своите компетенции за откривање лажни вести.
​По реализацијата на активноста следуваше рекреативна активност, а тоа беше едночасовно планинарење со лиценцираните водичи во Националниот парк „Пелистер“. Учесниците имаа можност да се запознаат со убавините што ги нуди Националниот парк и беа навистина воодушевени од убавините на паркот.