Манастир Св. Ана – Село Маловиште

Манастир Св. Ана – Село Маловиште

Манастирот Св. Ана се наоѓа на околу половина час пешачење југозападно од село Маловиште, на 1.400 м.н.в во густата букова шума на Националниот парк Пелистер. Храмот Св. Ана е подигнат на местото на стариот храм во 1936 година. Објектот е трикорабна градба со камбанарија над западниот влез.

 

 

 

 

                                                           СВЕТА АНА БИЛА МАЈКА НА СВЕТА БОГОРОДИЦА И БАБА НА ИСУС ХРИСТОС. КУЛТОТ КОН ОВАА СВЕТИЦА СЕ РАСПРОСТРАНУВА ВО VI ВЕК, КОГА ВО КОНСТАНТИНОПОЛ Е ИЗГРАДЕНА ПРВАТА ЦРКВА ШТО ГО НОСЕЛА НЕЈЗИНОТО ИМЕ.

Во близина на храмот има извор на бистра планинска вода за која што месното население верува дека има исцелителна моќ. Во минатото водата извирала од коренот на големо буково стебло, чии што остатоци се наоѓаат во стариот параклис прилепен до западниот дел на храмот.

Храмот го слави празникот Успение на св. Ана на 7-ми август, односно уште вечерта на 6-ти манастирот го посетуваат голем број на верници од кои голем дел ноќеваат околу храмот и во манастирските конаци. (Текст преземен од „Битола Инфо“).

ШУМА СО БОЈА НА ХРИЗОЛИТ ГО ЧУВА МАНАСТИРОТ „СВЕТА АНА“ ВО МАЛОВИШТА