Село Маловишта – Св. Спас

Село Маловишта – Св. Спас

Село Маловишта – Св. Спас

    

Опис на патеката: должината на патеката е  3,5 км., а просечно време на минување е 2ч.

Патеката започнува од селото Маловиште, од каде, на горниот излез на селото почнува искачувањето кон месноста Св. Спас.

 

Намената на патеката е планинарска, рекреативна, делумно алпинистичка и визуелно е атрактивна, со поглед и видливост кон Преспанската Котлина, кон врвовите на Баба Планина, Пелистер и прекрасен поглед, од птичја перспектива, кон селото Маловиште, кое лежи од двете страни на реката Маловишка Река (Шемница).

Тежина: Средно тешка патека.

Стартно место/надморска  висина: село Маловишта на 1.140 мнв., крајна точка: Св. Спас: 1.886 мнв. Вкупна денивелација: 746 мнв.

Флора и фауна: Доминантен дрвенест вид вдолж патеката е смреката, а потоа буката, а на почетокот има мало количество на молика или, македонскиот бор, Pinus peuce Grisebah. Вдолж патеката се среќава ситен даб, папрад, петопрст, и голем број на разновидни тревни заедници и планински цвеќиња, а од животинските видови може да се сретне, срна, мечка, волк, лисица, дива свиња, зајак, смок, поскок, шарка, гуштер и повеќе видови пеперутки и инсекти.

            

Патеката е од значителен туристички интерес, особено за посетителите на село Маловишта, кои се искачуваат до Св. Спас за одбележување и на Спасовден, денот на црквичето. Патеката е позната како Патека до Св. Спас и е возбудлива за оние кои сакаат да ја видат поголемиот дел на Баба Планина, но и Преспанско Езеро, како и да доживеат „авионски“ поглед кон селото Маловишта.