Планинарски дом Неолица

Планинарски дом Неолица

Неолица е врв на Баба Планина, висок 1.865 метри, и е оддалечен 10 километри од градот Битола. На самиот врв се наоѓа спомен-обележје коe го носи името „Сеќавања“ направено од три дела, пирамида што претставува височина, информативна табла и крст.

Од врвот се простира прекрасна глеткa: на север се гледа Планината Баба, на југ се извишува Планината Ниџе со врвот Кајмакчалан, а на источната страна како на тепсија се протега котлината Пелагонија.

Планинарскиот дом Неолица е изграден во седумдесетите години од група планинари и има капацитет од 50 кревети, 50 места за дневен престој и 50 места околу самиот дом. До овој дом од Битола може да се стигне за 2.30 часа пешачење преку селото Буково, или за 1.30 часа преку селото Лавци. Домот располага со електрична енергија и свежа планинска питка вода, а за љубителите на планински седенки, домот располага со скара на ќумур.

Со домот управува Планинарскиот дом „Ѓорги Наумов“ од Битола. Тој се наоѓа на 1.440 м.н.в.   Домот е отворен со најава кај домаќините.