Почитувани!

Националниот Парк Пелистер зафаќа површина од 17.150 хектари – на надморска височина од 927 до 2601 m. Изобилува со уникатни природни богатства и претставува дом на ретки и ендемични животински и растителни видови. За да ги видите и доживеете сите убавини на планината Баба и Пелистер, на располагање ви стојат бројни пешачки патеки: Детската, Историската, по Камењатот… Не ви е потребна посебна физичка кондиција, туку само добра волја. Заштитен знак на Пелистер се бистрите изворски води во кои ќе ја забележите пелистерската и пелагониската пастрмка, водопадите, и планинските езера, неклку сезонски и двете леднички – Големо и Мало езеро, познати уште како и Пелистерски Очи. Велат, кој еднаш бил на Пелистер, сигурно ке дојде пак…