Природа

   Релјефни форми

 Националниот Парк „Пелистер“ изобилува со разни видови релјефни облици кои се формирани низ долготрајни и мошне сложени природни процеси.

   Камена река - Морена  

 Од периглацијалните релјефни појави на Пелистер, секако дека највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се всушност наклони на релјефот исполнети со дробински материјал, составен од блокови на гранити, долерити, габрови и кварцни шкрилци, натрупани едни врз други, без никаква ориентација. Тие се создадени во времето кога во највисоките делови на планината владеела снежна клима, со лизгање на блоковскиот материјал по подлогата, поради нејзиното наизменично замрзнување и одмрзнување. Камените реки се најизразени на северната страна на возвишението Црвена Стена и над месноста „Копанки“. На одделни места на Пелистер, камените реки сочинуваат низа долга и до 3км.

 Во високопланинските предели на Пелистер, присутна е уште една интересна појава. Тоа се камените мориња. Овие маркантни периглацијални релјефни форми настануваат со мразно раздробување на карпестата подлога, која што обично е со благ наклон, така што разорениот карпест материјал останува на самото место на создавањето. Класична појава на едно вакво море од камења може да се види на североисточната страна од врвот Пелистер, во правец на врвот Стив.

 Во високите делови на Пелистер каде доминира фосилниот глацијален релјеф, се среќаваат и низа други интересни релјефни појави. Тоа се острите карпести гребени, неправилно натрупаните карпести громади по широките планинските била, слизнати блокови, камените прстени, тревните тераси и други појави кои што го збогатуваат спектарот на природните реткости на Пелистер.

 На планината Пелистер постојат зачувани траги и од дилувијалната планинска глацијација. Тие се изразени во вид на морени и циркови. Од четирите цирка, колку ги има на Пелистер, два се исполнети со вода и егзистираат како глацијални езера. 

  

 

Фауна

Највпечатливи одлики на фауната во Националниот парк Пелистер се нејзината разновидност и хетерогеност, како и присуството на голем број реликтни и ендемични видови. Ендемичните видови се главно регистрирани кај без'рбетните групи на организми.

Од без'рбетните организми, во малото глацијално езеро "Мало Езеро" се среќава една раскошна популација од вилинското ракче Chirocephalus diaphanus carinatus, кое претставува балкански реликтно-ендемичен таксон.

Исклучиво во големото глацијално езеро "Големо Езеро" живее амфиподното ракче Niphragus pancici peristericus, пелистерски ендемит, досега регистриран само во ова езеро.

Само во водите на овие две глацијални езера, се среќава харпактикоидното ракче Arcticocampus macedonicus, пелистерски ендемичен вид.

Во изворишните води на Н.П. Пелистер, на надморска височина меѓу 1600 и 2200 м живеат два пелистерски реликтно-ендемични видови на остракоди: (Iliodromus peristericusи Eucypris diebeli).

Во планинските потоци и реки на Националниот парк исто така се присутни реликтно-ендемични фаунистички елементи. Од Магаревска Река е опишана македонската ендемична плекоптера Nemoura peristeri.

Низ шумскиот и високопланинскиот појас присутни се повеќе пелистерски ендемични видови како што се: пелистерската стоногалка (Brachydesmus peristerensis); тврдокрилните инсекти: (Alpaeus macedonica, Cychrus attenuatus peristericus, Duvaliotes peristericus, Platyduvalius macedonicus, Trechus hajeki), ноќната пеперутка (Hadena clara macedonica) и малите пеперутки: (Scythris crypta и Scythris similis).
За разлика од без'рбетните организми, кои сеуште не се целосно истражени, 'рбетниците се добро проученн. Во рамките на Националниот Парк. исклучиво во горниот тек на реките Сапунџица. Злокуќанска и Ротинска река живее поточната пастрмка (Salmo pelagonicus),која претставува пелистерски ендемичен вид. Од останатите групи 'рбетници, констатирано е присуство на 10 видови водоземци, 15 видови влечуги, 91 видови на птици и 35 видови на цицачи.

Во шумскиот појас од Националниот Парк најкарактеристични претставници на 'рбетници:

шарен дождовник (Saiamandra salamandra),
македонски мрморец (Trituruis carnifex macedonicus),
шумска жаба (Rana dalmatina),
поточна жаба (Rana graeca),
гаталинка (Hyla аrharea),
ридска желка (Testudo hermanni),
ескулапов смок (Elaphe longissima),
планински смок (Coronella austriaca),
шумска шљука (Scolopax rusticola),
лештарка (Bonasa bonasia),
буф (Bubo bubo),
шумска утка (Strix aluco),
ноќна ластовица (Caprimulgus europaeus),
црн клукајдрвец (Dryocopus martius),
зелен клукајдрвец (Picus viridis),
јастреб кокошкар (Accipiter gentilis),
скалест орел (Aquilla chrysaetos),
еж (Erinaceus concolor),
верверица (Sciurus vulgaria),
полв лешникар (Muscardinus avellanarius),
шумски полв (Dryomys nitedula),
обичен полв (Glis glis),
зајак (Lepus europaeus),
куна белка (Martes foina),
јазовец (Meles meles),
лисица (Vulpes vulpes),
дива мачка (Felis silvestris),
балкански рис (Lynx lynx martinoi).
волк (Canis lupus),
кафеава мечка (Ursus arctos),
дива свиња (Sus scrofa),
обичен елен (Cervus elaphus),и
срна (Capreolus capreolus)

 

Високопланинскиот појас на Пелистер го населува специфична фауна. која претставува мозаик од реликтни медитерански високопланински елементи, потоа бореални, аркто-алпински и степски фаунистички елементи. Највнечатлив вид во овој појас претставува балканската дивокоза (Rupicapra rupicapra balcanica).

По каменестите терени живее снежната полјанка (Chionomys nivalis). Низ влажните ливади и пасишта со бујна вегетација се среќаваат планинската гуштерица (Lacerta agilis), шарката (Vipera berus), четинарската полјанка (Microtus subterraneus), малата ровчица (Sorex minutus), реликтниот крт (Talpa stankovici) и слепото куче (Nannospalax leucodon).

Од птиците, карактеристични видови за овој појас се: црвеноклуната галка (Pyrrhocorax pyrrhochorax), скалестиот дрозд (Monticola saxatilis), белогушестиот дрозд (Turdus torquatus) и еребицата камењарка (Alectoris graeca).

Четири таксони од цицачите, за прв пат се опишани од локалитети во рамките на Националниот парк: Балкански слеп крт (Talpa caeca beaucournii), типичен жител на моликовите шуми. Балкански крт (Talpa stankovici), опишан врз основа на примероци собрани од планинските ливади во Националниот парк. Овој вид е регистриран како македонски - субендемит, затоа што се среќава делумно и во пограничните подрачја на Грција и Албанија.
Македонска лисеста полјанка(Clethrionomys glareolus makedonicus),за прв пат регистрирана и опишана од листопадните и мешани шуми на Пелистер, исто така претставува македонски ендемит.
Македонска полјанка(Microtus felteni), опишана од моликовите шуми на Пелистер, претставува македонски ендемит, бидејќи досега е регистрирана само на планините во Западна Македонија.

 

Флора
 

Флората во Националниот Парк Пелистер со своето бо­гат­ство, разновидност и колорит претставува една од најзна­чај­ните вредности на биолошката разновидност на оваа плани­на и го привлекува интересот на истражувачите, посетителите и вљубениците на најстариот и еден од најубавите национални паркови во Република Македонија.

Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 видови дрвја, што претставува застапеност на 29% од вкупната дендрофлора во Македонија. Најголем дел од шумските површини на Пелистер се под бука 2606 ха, моликовите шуми заземаат површина од 1174 ха, додека најмала површина отпаѓа на дабовите шуми - 487 ха.  Останатите се мешовити шуми и тоа: моликово - елови, моликово - букови, моликово - буково - елови, буково - елови и буково - дабови шуми. Во вегетацијата на Пелистер се среќаваат 21 растителна заедница, од кои 8 се шумски (асоцијации и субасоцијации ), а 13 се тревни заедници. 

Познатиот германски фитогеограф August Grisebach е пр­виот ботаничар кој ја посетил оваа планина (30 јуни до 3 јули 1839) п при тоа открил и опишал неколку нови, дотогаш непо­знати вндови за науката, кои се објавени во неговата позната студија "Spicilegium florae Rumelicae et Bithynicae" (1843-44), во која за прв пат се наведуваат флористички податоци за планината Пелистер и општо за територијата на Македонија.

Меѓу нив посебно значење има моликатаinиѕ реисе Grisebach), која образува пространи и биолошки витални по­пу­лации во висинскиот распон од 700 - 2200 м и претставува нејзин флористички заштитен знак.

Интересот за флората на оваа планина како во минатото така и денес присутен е кај голем број странски и домашни ботаничари - флористи и фитоценолози. Во нивните трудови постепено се разоткрива оваа ботаничка ризница и постојано се надополнуваат сознанијата за нејзините флорно - вегета­циски карактеристики.

 

Флората на вишите растенија (без мововите) во Н.П. Пелистер опфаќа над 1050 таксонн. Најзастапени се цвет­ни­те (скриеносемени) растенија со над 900 видовн. Помеѓу нив најдоминантни се фамилиите Asteraceae (Compositae), Caryophyllaceae, Fabaceae (Leguminosae), Poaceae (Grami­ne­ae), Rosaceae, Lamiaceae (Labiatae) и други.

Класични наоѓалишта – локалитети (Locus classicus)

Во Н.П. Пелистер за прв пат сс откриени и опишани како нови за науката над 15 таксони од групата на цветните ра­стенија, односно таму се наоѓаат нивните класични нао­ѓали­шта (Locus classicus) на следните таксони:

Alchemilla peristerica,
Centaurea deustiforms,
Crocus pelistericus,
Dianthus myrtinervius,
Festuca peristerea,
Pedicularis orthantha,
Pinus peuce,
Ranunculus psilostachys,
Scorzonera purpurea subsp. peristerica,
Sedum erythraeum,
Sempervivum marmoreum,
Sempervivum octopodes,
Silene ventricosa,
Viola velutina,
Viola orphanidis и други.

Нeкои од нив претставуваат локални ендемити или субендемити (Alchemilla peristerica, Dianthus myrtinervius, Cro­cus pelistericus, Sempervivum octopodes).

 

Видови од меѓународно значење

Во Националниот Парк Пелистер се развиваат голем број флористички видови кои имаат меѓународно значење (видови на Светската и Евроpската црвена листа на загрозени видови, видови од Бернската Конвенција, Хабитат директивите на EУ, CORINE видови и други).

Видови кои се наоѓаат на Светската црвена листа на загрозени видови (IUCN Red List of threatened species, 1998):
Alkanna pulmonaria
Centaurea deustiformis
Dianthus myrtinervius
Fritillaria gussichiae
Malus Florenthina
Pedicularis limnogena
Pinus peuce
Sempervivum octopodes
Viola eimia

Бернска конвенција (Bern Convention Annex I); Хабитат директиви (Habitat directives, Annex II b, Annex IV b): Buxbaumia viridis
CORINE species: Crocus pelistericus (MK)

Во НП Пелистер се регистрирани неколку таксономи кои потекнуваат од други делови на Балканскиот полуостров и Европа, а на територијата на Република македонија единстве­но се развиваат на оваа планина: Dianthus stenopetalus, Tozzia alpine subsp. Carpatica и Viola parvula.

Лековити растенија и шумски плодови
Medicinal herbs and forest crops

Achillea millefolium (ајдучка трева - common yarrow).
Angelica pancicii (ангелика - angelica).
Convallaria majalis (момина солза - lily of the valley),
Crataegus monogyna (глог - monogynies hawthorn),
Dactylorhiza maculata (прстест /пегав/ салеп - Heath Spotted orchis),
Dactylorhiza sambucina (бозовиноцветен салеп - orchis),
Fragaria vesca (шумска јагода - wild strawberry),
Hypericum perforatum (канатрион - perforate St. Johnswort),
Gentiana lutea subsp. symphyandra (линцура - gentian),
Gentiana punctata (точкеста линцура – gentian).
Juniperus communis (смрека - common juniper),
Origanum vulgare (планински чај - wild majoram),
Primula veris subsp. columnae (пролетна јаглика - spring primrose).
Primula vulgaris (обична јаглика - common primrose),
Pulmonaria officinalis (велигденче - lungwort).
Rubus idaeus(малина - red raspberry).
Thymus tosevii var. degenii(мајчина душичка - thyme),
Tussilago farfara (подбел - colt's foot).
Vaccinium myrtillus (боровинка - blueberry),
Vaccinium uliginosum (боровинка), и други.

Декоративни видови -Decorative species

Campanula persicifolia (Ѕвонче - narrow - leaved Bellflower),
Crocus pelistericus (Пелистерска качунка - Pelisler's saffron).
Crocus veluchеnsis (Обична качунка - Сaffron),
Epilobium angustifolium (Теснолисна врбовка - Rosebay willow - herb fireweed),
Galanthus nivalis (Кокиче - Snowdrop),
Gentiana acaulis (Безстеблена генцијана - Gentian from Koch),
Geum coccineum (Црвено омајниче - Avens),
Lilium albanicum (Албански крин - Lyli from Albanie).
Paris quadrifolia (Гавранско око - herb Paris),
Ranunculus crenatus (Цело лутиче - Buttercup).
Sempervivum octopodes (Октоподна чуваркуќа - Mouse-leck),
Viola velutina (Кадифена темјанушка - Violet) и други.

 

   

   Водите на Пелистер

Пелистер има развиена хидрографска мрежа, така што ова подрачје изобилува со извори, потоци и планински реки, а има и две глацијални езера.

Пелистерскиот масив е испресечен со поголем број на живописни планински реки низ кои течат бистри и ладни води. Сите ја сочинуваат нивната исконска дивина во декорот на планинскиот пејсаж. Тие се украс на планината и го облагородуваат пејсажот низ кого протечуваат.

Едни од водите течат кон Преспанското Езеро и припаѓаат на Јадранскиот слив, а други преку Пелагонија, на Егејскиот слив. Од високите планински била кон околните котлини се спуштаат 23 речни текови. Тие имаат изразит планински карактер. Најдолг водотек на Пелистер со должина од 46 км е реката Шемница.

Од хидрографските објекти, со посебна привлечност се двете глацијални езера - Големото и Малото Езеро на Пелистер, познати како „Пелистерски Очи“.

Големото Езеро лежи на надморска височина од 2218м. Toa е едно од највисоките глацијални езера во Македонија. Се протега во правецот север-југ. Зафаќа површина од 4.2ха. Долго е 223м, широко 162м, со длабочина од 14.5м.  

Малото Езеро лежи на 2180 м. н. в. Се наоѓа во изворишната челенка на Црвена Река. Долго е 79м, широко 68м, со длабочина од 2.6м. Оддалечено е околу 2км од Големото Езеро, во северозападен правец.