Историја и Култура

Историјата е дел од она што сме биле, кои сме, и претпоставка за тоа коиќе бидемево иднина. Со истражувањетона овие страници, се надеваме дека ќе го најдете тоа што ве привлекува и пред се тоа што го барате за Пелистер - но што е уште поважно, ние се надеваме дека ќе откриете и многу други нешто што ќе ве изненадат. Ве покануваме да дознаете повеќе за историјата на Националниот парк Пелистер и како службениците на националниот парк се ангажирани зада го зачуваат непроценливото природно богатство на Пелистер.

Националниот парк Пелистер беше прогласен со закон донесенод страна на Президиумот на Народна Република Македонија на 30 ноември 1948година. Во месец декемви 2007 година со посебен закон, Планината Баба со врвот Пелистер повторно е прогласенза национален парк. Според Законот за заштита на природата, Јавната установа Национален парк Пелистер – Битола е одговорназа заштита и управување сопаркот.

Планината Баба, со врвот Пелистер се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија и е со алпски карактеристики. Пелистер е поставен меѓу долините на Пелагонија и Преспа. Стаее околу 465 милиони години и е највисок врв во паркот со 2.601 метри надморска височина.

Постојат две легенди прврзани со името Пелистер.

Едни велат дека името потекнува од грчкиот збор "peristeri" што значи гулаб, заради белосивиот камењар, кој кога го гледате од далечина заликува на гулаб.

Други веруваат дека е тоа е од петоигличниот бор – петлистер, па од таму – Пелистер.

Најзаслужен за добивањето на стаутост Национален Парк е петтоигличниот бор МОЛИКА – што го открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година. Моликата ја има и на други планина на Балканот, но тука гради најкомпактна шумска заедница. Шетајќи низ Пелистер ќе наидете на стебла постари од 230 години. Во пролет и лето,ливадите се накитени со разнобојнитецветови на:пелистерската небесна роса, пазикуќата и пелистерската качунка.

Глетката ќе ви ја збогати и летот на дневните пеперутки Scythris crupta и Scyrthris similis кои живеат само на Пелистер. Тука се среќава и ноќната пеперутка Hadena clara macedonica која ја има само во Македонија.

Ако ја сакате археологијата, најдете време да ги посетите населбите од железното доба и средновековниот период кои се во непосредна близина на паркот. Следејќи ја долгата магистрала на познатиот пат од Римско време - Виа Игнација,која поминува низ Пелистер ќе имате и вие можност да чекорите по патот по кој поминувале Апостол Павле, македонската фаланга, римските легии и византиските цареви.