Производи

Во рамките на Националниот парк Пелистер, почнувајќи од 2007 година, со денес, но и во иднина, редовно се води евиденција и се издаваат легитимации за собирачите на шумски плодови, со што процесот на стопанисување со шумските плодови е организиран и легализиран.
 

На заинтересираните граѓани, Управата на национаалниот парк Пелистер, им издава посебни дозволи (со фотографија и основни податоци за собирачот), со помош на која собирачите имаат можност да излезат на терен и во периодот предвиден за собирање на определени плодови, истите да ги собираат и да ги предаваат на определените пунктови за таа намена.
 

Ова посебно се однесува на собирањето боровинки, кое секоја година започнува во август месец, а додека боровинката не узрее надзор и контрола на теренот (како и во текот на сезоната за собирање) вршат службите на Установата.
На собирачите кои имаат веќе извадено дозволи од претходната година, Управаим ги продолжува дозволите за тековната година.

 

Со ангажираноста на теренот, и со помош на сообраќајната и шумската полиција, како и со овластените фирми за вршенње на откупот на боровинки, Јавната установа го регулира собирањето на боровинки и другите шумски плодови и ги остварува карактеристиките на производител на органзки производи за што е регистрирана во Министерството за шумарство и водостопанство.
 

Продукти кои се достапни за собирање на просторите на Националниот Парк Пелистер се шишарки и семиње од молика (pinus peuce) и ела (abies alba mill) и шумски боровинки (vaccinium myrtuillus).

Боровинки

 

 

blue2 

 Шишарки и семе од Молика и Ела

 

 

 

 

Националниот парк Пелистер нуди:

1. Украсни шишарки од молика (Pinus Peuce Gris.)   -  Франко утоварено Битола (с. Дихово)  по цена од 1,9 евра / кгр, 

2. Семе од молика - по цена од 13,5 евра.

За подетална информација контактирајте со нас на нашите броеви и електронски пошти.