Време

Климата во југо – западниот дел од Македонија каде што се наоѓа Националниот Парк Пелистер се карактеризира како умерено континентална. Меѓутоа поради самата локацина на Паркот кој се наоѓа на повеќе од 891 m надморска височина може да се каже дека климата е планинска.

Зимите се долги и ладни со чести врнежи на снег, а пак летата се кратки и прилично свежи. Јануари и фебруари се најладните месеци во годината, а јули и август се најтопли.

Нивото на врнежи од дожд е највисоко во октомври и декември. Врнежите од дожд за време на летната сезона изнесуваат 16.5 % од годишниот износ, а пак снегот на просторите на Националниот Парк Пелистер се задржува од ноември до април во пониските места, а на повисоките места до мај и мали остатоци на снег можат да се видат на највисоките места и до месец јуни.

Проверка на време Online