Следни Активности

1. Наскоро со влезница за посета на националните паркови

Со најновите измени на Законот за заштита на природа од оваа есен посетителите за влез во националните паркови во земјава ќе плаќаат, велат од националната установа Национален парк „Пелистер".

- Сите национални паркови и заштитени подрачја ќе бидат задолжени да наплаќаат влезници, да го следат движењето на туристите, наплата на паркинзи и слично. Тоа се нови законски обврски кои ќе мора и ние да ги примениме без разлика што граѓаните тоа нема да го прифатат – вели Пеце Цветановски, лице за односи со јавност.

Сега, единствено националниот парк „Галичица" делумно ги спроведува овие нови промени.

- Еден дел од тие приходи ги наплаќа НП „Галичица" со употреба на чамци и кајчиња кои се изнајмуваат и се наплаќа такса за нивно користење. Сметаме дека е непопуларна мерка, но сите национални паркови во светот ја применуваат – додава Цветановски.

Цената на влезниците доправа ќе се утврдувала.

- Грубо ценовникот изнеува 30 до 100 денари. Останува управните одбори да утврдат цена или сами да донесат цена, која треба да ја одобри министерството – вели Цветановски.

Месеците што следуваат Националниот парк „Пелистер" ќе ги искористи за да се организира за споведување на оваа законска обврска.

  

2. За колекторскиот систем на Пелистер

 

TВ ОРБИС – Битола, Петок, 12 Август 2011 13:43, Павлина Јовановска

Пред неколку години на Пелистер беше започната изградба на колекторски систем за пречистување на отпадните води од угостителкси објекти на ова подрачје. Целата работа е застаната во правните лавиринти на администрацијата. Националниот парк како јавна институција кога ќе го добие правото на користење на тој простор ќе може да побара дозвола за изградба на пречистителна станица.

И покрај тоа што Пелистер е најстариот национален парк  и  е заштитено подрачје, сепак се уште нема колекторски систем и пречистителна станица со што би се заштитиле природните водотеци на ова подрачје. Пред неколку години се започна зафат за оваа работа и од планираните 2.700 метри останати се уште 200 м и самата пречистителна станица. Со ова ќе се решеше проблемот со отпадните води од Молика, Детското одморалиште, Копанки, објектот на Макеоднски Телеком и Горско око како најголеми загадувачи. Но целата работа е стопирана заради бавноста околу префрлањето на правото на користење на парцелите.

            Моментално правото на користење на земјиштето го има државата и самото пренесување на истото на страна на Националниот парк Пелистер е заглавено  некаде во лавиринтите на администрацијата.

            Проектот за пречистителна станица и колекторски систем се готови, единствено е потребно одобрение за градба и да се пронајдат средства за реализација на истите. Како што не информираше директорот на На јавната установа НП Пелистер станува збор за околу 200 00 средства кои би можеле да се обезбедат од некои фондови или донатори. И новиот министер за животна средина при вчерашната посета потврди дека има вакви фондови и дека приоритет на министерството е чиста средина во Македонија.

            И покрај тоа што до сега повеќе пати се реагирало, работата никако да мрдне. Додека се чекаат позитивните мислења од релевантните фактори да се одглават од некој слеп лавиринт, животната средина на Пелистер пополека ама континуирано ќе се загадува. Да се надеваме дека новото министерство ќе реагира навреме.