Моментални Активности

Април - РОТАРИ КЛУБ БИТОЛА - ДОНИРАНИ ПОДВИЖНИ АПАРАТИ ЗА ГАСНЕЊЕ ПОЖАР

Противпожарни апарати за Националниот парк „Пелистер“ .

Среда, 04 Април 2012

   

 Откако собраа средства на донаторската забава која беше наменета за собирање средства за набавка на 11 подвижни противпожарни апарати наменети за почетно гасење на пожарите, Ротари клубот од Битола денес им ги предаде на Националниот парк „Пелистер". Вредноста на донацијата е 1000 евра.

- Не е суштината во самата вредност на донацијата, туку во фактот што веднаш реагиравме после она што се случи минатото лето, големиот пожар кој го зафати Пелистер. Со оваа донација сакавме да иницираме еден домино ефект, други донатори и властите кои располагаат со средства да се придружат и да ги набават потребните материјали за Националниот парк „Пелистер", изјави Игор Неделковски, претседател на Ротари клуб Битола.

Оваа донација за Националниот парк е драгоцена.

- Се надевам и ќе бидам пресреќен ако оваа опрема не се користи. Сите треба да се фокусираме за заштита на природното богатство, изјави Амет Аџиу, директор на Националниот парк Пелистер.

            Ротари клубот се задоволни од соработката со Националниот парк.

            - И со претходниот и со сегашниот директор, Националниот парк е една од ретките институции кои се вклучени во нашата акција со насока што им треба. Почетно дојдовме со друга идеја, но завршивме со ова, бидејќи корисникот имаше други потреби. По наше искуство кога се донира нешто без консултација на корисникот, таа донација нема да има вредност, нагласи Неделковски. 

Јануари - ВО ИНФО-ЦЕНТАРОТ ПОСТАВЕНА ЗБИРКА СО 120 ПЕЧУРКИ КОИ РАСТАТ НА ПЕЛИСТЕР

 

NOVO – NEW – НОВО

12О видови (од вкупно околу 400) на печурки кои растат на Пелистер можат да се видат во Инфо-центарот на Пелистер – Причина повеќе да испиете чај или кафе и да ја запознаете најубавата планина. Тел. (047) 237 - 010

 

Јануари - PRESIDENT IVANOV AND DIPLOMATIC CORE AT WINTER WALK ON PELISTER

15-01-2012

President of Republic of Macedonia, Gjorgje Ivanov and Diplomatic Corr have visited the Info-center of National Park Pelister and was on winter walk to the place Lastojcin Kamen near the hotel Molika on Pelister  

     

Јануари - ПРОШЕТКА ВО ПРИРОДА НА ПЕЛИСТЕР ЗА ДИПЛОМАТСКИОТ КОР

 

Недела, 15 Јануари 2012

По синоќешниот новогодишен прием кој се случи во Заводот и музеј, денеска екселенциите и шефот на државата, се качија на Пeлистер каде беа пречекани од домаќинот, градоначалникот Талески.Првично го посетија Информативниот центар или на „Лазо Вилата" каде со топол чај, и презнетација им беше прикажано од вработените во Националниот парк Пелистер со кои убавини располага паркот.

„Па дипломатскиот кор и претстедателот ги пречекавме и ги почестивме со топол чај, пропратно со рум и лимон кој како милува и на крај ги почестивме со традиционална домашна топла ракија."- вели Сашо Мицевски директор на НП Пелистер

„После 20 години решиме да ја проемниме традицијата и тој новогодишен приме да го напавиме малку поинков еве вака на пример на амбасадорите има ја покажавме македонија во малку поинакво светсло и со се што таа располага како овде во Битола каде градоначалникот си ги претстави сите всои проекти па и овде на Пелистер сега амабасадорите искуствата ќе ги однесат во своите земји од каде ќе чекаме туристи."- истакна Ѓорѓе Иванов претстедател на РМ

„Ние ја имавме една така да речам работна среда со дипломатскиот кор каде ги претставивме сите наши проекти , убава можност за промоција на нашите потенцијали"- вели м-р Владимир Талески градоначалник

Посетата продолжи кон хотелот Молика од каде дипломатите се упатија кон местото викано „Ластојчин камен" беа запознаени со паноата на кои стои испишана историјата на месноста, податоци за надморската височина и слично.Прошетката по кафе паузата и ручекот во хотелот Молика продолжија.

- Моликовите шишарки од Пелистер-украс на европските божикни елки

 

Моликовата шишарка  во изминатите години стана можност за егзистенција на многу семејства во селата под Пелистер. Собирањето е тешко и исклучително опасно, но добро се плаќа, велат собирачите на шишарки. За секој собран килограм шишарки добиваат по 40 денари, а откупот на семе е 300 денари за килограм. Шишарките  се користат за изработување украси. Семето го откупува Националниот парк „Пелистер‘‘ за пошумување на голите површини на Баба Планина.

Берењето шишарки е опасна и тешка работа

Во бербата се вклучени само искусни берачи на шишарки,од околните села под  Пелистер.Годинава беше родна  па во бербата беа вклучени 33 берачи. Еден од нив е 59 годишниот Ѓорѓи  Дуртановски од битолското село Цапари. Тој собира  шишарки веќе 46 сезони, почнувајќи  од својата 14-годишна возраст. Вели дека се‘уште се сеќава на денот кога прв пат се качил на молика и ја наполнил првата вреќа со шишарки. Нивната семејна  ќуќа на крајот на летото и почетокот на есента , од крајот на август до крајот  на октомври, мириса на шумски плодови и смола. Уште на  крајот на август  нивниот двор е полн со шишарки кои се сушат на сонце и се подготвуваат за продажба. „Качувањето на моликата не е едноставна работа. Секој не може да собира шишарки, треба да бидеш физички способен и здрав и да не се плашиш од височини. Гранките се кревки и кршливи, а погрешен чекор може да биде опасен по животот. Моликовите стебла се високи 15-20 метра, а за качување не се користат никакви помагала, туку тоа се прави само со раце и нозе‘‘, појаснува Ѓорѓи. Го прашуваме до кога ќе бере моликови  и други шишарки, а тој низ смеа вели, се‘ додека го држи здравјето. Ни појаснува дека еден килограм може да набере во просек за десет до петнаесет минути. Дневно собира по десет до петнаесет вреќи од по 5,2 килограми или од 60 до 70 килограми, а годинава собрал рекордни  1700 до 1800 килограми. Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  

Ни појаснува дека ако веќе е отворена, шишарката ја фрла од дрвото наземи, а потоа ги собира во вреќи. А ако  сака да го  собере и семето, секоја шишарка уште зелена и нерасцветана ја собира во  пластични вреќи, од кои потоа ги истура шишарките и ги распостелува во својот двор да ги суши. Шишарката потоа на сонце се отвора и пука, а тој семето го собира во вреќи. Потоа шишарките без семе се користат  за украси, а семето за пошумување. Дуртановски потенцира: „Работата е чиста, бидејќи за шишарките колку и да собереш има пласман, а се плаќа веднаш во кеш од Управата во Националниот парк Пелистер, со кои имам повеќегодишна успешна соработка, а тие знаат да ја ценат мојата тешка  работа‘‘. Тој вели дека иако работи  во ЈП „Македонија пат“, ова му е дополнителен приход со кој успеал во овие тешки времиња да ја школува својата ќерка во Скопје.

Моликата  ја има и во соседните земји, но најраспостранета е на Пелистер

Ендемичното растение, моликата, на големи површини вирее само на Пелистер, иако на сосема мали површини  ја има и во некои делови на Србија, Бугарија и Албанија, појаснува Стеванка Пројчевска, шумарски инженер во Националниот парк „Пелистер‘‘ од Битола. „Моликовата шишарка е специфична по својата убавина и сјај по кој е надалеку позната, кога е отворена  на врвот има светло златно -кафеава  боја, а кон внатрешноста темно кефеава со различни нијанси. Шишарката од моликата обично зрее третата година, при бербата берачите, а  и ние при откупот внимаваме шишарката да биде убаво отворена‘‘. Тоа според инженер Пројчевска, зависи од позицијата на теренот на која расте моликата, на кое место е шишарката и дали при растењето ја греело сонцето. Зашто, се случува  на третата година некои од шишарките да бидат зрели, но  да немаат  квалитет. „Таквите шишарки не се убави и ги фрламе, зашто не се за извоз, а ги собираме и извезуваме само најквалитетните и најубавите“.

Моликовите шишарки годинава главно на пазарите во Германија и Италија

Шишарките се собираат во пластични вреќи„За разлика од минатата година кога родот беше слаб, годинава беше родна и собравме  над 30 илјади килограми најквалитетни моликови шишарки“, потенцира инженер Пројчевска. Таа ни појаснува дека шишарките се сместуваат во пластични вреќи на кои се прават мали отвори со специјална машинка,  за шишарките да можат  да се проветруваат. Моликовите шишарки најпрво се складираат во нивниот склад од каде потоа во вагони се извезуваат во европските земји. Годинава најголем дел од шишарките биле извезени во Германија и Италија. Пројчевска истакнува: „Тамошните врвни изработувачи на украси, на  нашите прекрасни  пелистерски  моликови шишарки прво им додаваа некои додатоци, а потоа и бои. Потоа шишарките ги аранжираат во најубавите божиќни и новогодишни венци и икебани со кои ги украсуваат домовите и фирмите. Тие се преубави  поради својата раскош, уникатна убавина и сјај, затоа и се и толку барани во европските земји. Да имаме и уште толку  и тие  ќе ги продадеме‘‘, потенцира со гордост инженер Пројчевска.

„Моликовите шишарки се и дополнителна заработувачка за нашиот Национален парк Пелистер, а со нив потоа финансираме повеќе проекти за уредување на паркот. Моликовите шишарки  се едни од бројните природни раритетни плодови од Македонија, а  кои се наша гордост, кои се многу ценети и се повеќе барани во европските земји‘‘, потенцира Пројчевска.

Автор: Антоанела Димитриевска

Октомври - СЕ ОДРЖА 11-ПЕЛИСТЕРСКИ ВЕЛОСИПЕДСКИ КРОС

НА 29 ОКТОМВРИ СО УЧЕСТВО НА ОКОЛУ 100 ВЕЛОСИПЕДИСТИ ОД СИТЕ ВОЗРАСТИ

НА ПЕЛИСТЕР СЕ ОДРЖА 11-ТИОТ ВЕЛОСИПЕДСКИ КРОС.

СИМБОЛИЧНИ НАГРАДИ ДОБИЈА НАЈМЛАДИОТ, НАСТАРИОТ ВЕЛОСИПЕДИСТ И

ЕДИНСТВЕНОТО ДЕВОЈЧЕ КОЕ УЧЕСТВУВАШЕ НА КРОСОТ.

НАГРАДИТЕ ГИ ОБЕЗБЕДИ „ЕКСТРИМБАЈК“ ОД БИТОЛА

- Искуствата на НП Пелистер интересни за функционерите од Косово

17 – члена делегација од Косово беше во посета на Македонија. Претставници на Министерството за локална самоуправа и директори на три од петте Агенции за регионален развој разменуваа искуства и се запознаваа со позитивните примери од работењето на македонските државни институции, начинот на организирање, спроведување на одлуки и делување.

 

Целта на посетата беше да видиме како функционита регионалниот развој во Македонија. Започнавме со состаноци во Скопје, во Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, продолживме во Тетово, а еден ден бевме и во Битола за да видиме како е организиран Националниот парк Пелистер, за потоа да ги пренесеме искуствата на Косово. Се обидуваме сите ресурси, вклучувајќи ги и природните, да ги ставиме во функција на економскиот развој.

  

Освен средбата со менаџерскиот тим на Паркот, косовската делегација го посети и Информативниот центар на Пелистер, каде им беа презентирани многубројните активности за привлекување туристи на Баба планина. Соседно Косово сеуште нема Национален парк, но има големи потенцијали кои сака да ги стави во функција на регионалниот развој, нагласи домаќинката на косовската делегација и директор на развојната агенција Преда плус, Маријана Милевска.

- Во тек е бербата и откупот на шишарки и семе од молика

 

Во Националниот парк Пелистер во тек е бербата и откупот на шишарки и семе од молика.

Се очекува годинава да бидат собрани и откупени до 5 шлепери со шишарки и 2 – 2,5 тони семе.

Бидејќи интересот за овие производи е голем, се очекува шишарките да бидат извезени на Западно-европскиот пазар.

   

  

Август - За изгаснатиот пожар - ТВ ОРБИС - 21 август

Август - Изгаснат пожарот во НП Пелистер - 21 август 2011

 

Август - Ќе профункционира ли колекторскиот систем на Пелистер?

Август - Зголемена посета на Инфо центарот на Пелистер

За околу девет месеци информативниот центар на националната установа Национален парк „Пелистер" го посетиле околу 4.000 граѓани. Особено бројот на посетители од други земји се зголемил летово.

- Поголемиот дел се од Европа, од Австралија, Америка и нешто од Канада. Пред два дена имавме од Израел. Пријатно сме изненадени што знаат за националниот парк и информативниот центар и наменски доаѓаат – вели Пеце Цветановски, лице за односи со јавност.

Во инфо-центар кој се наоѓа во местото викано „Седум кладенци" може да се погледне фото изложбата за флората и фауната на Пелистер, да се купат сувенири, да се најдат мапи.

- Интерес имаат за искористување на велосипедските патеки, оние со помала кондиција ги упатуваме кон историската патека, едукативната патека кон Голема ливада, прашуваат за патеката по камењарот и ги упатуваме каде да најдат превоз до врвот – додава Цветановски.

Инфо-центарот на НУ Национален парк „Пелистер" работи секој ден од 9 до 15 часот, но од установата велат дека доколку посетителе имаат пореба за информација за можностите за рекреирање, сместување, планинарење и одмор на Пелистер и потпелистерските села времето на работа е пофлексибилно.