Цркви / Манастири

Цркви и манастири во регионот на Пелистер и Баба Планина

Во регионот на потпелистерието (битолскиот и преспанскиот дел) како селски или манастирски цркви, распоредени се околу 40 (четириесет ) објекти, широко датирани помеѓу XI  па се до крајот на XIX век.

Во истите тие храмови се распоредени стотици квадратни метри фреско живопис и околу 1000 парчиња на икони од доцниот визатинскиот период и од времето на преродбата.

Досегашните сознанија и стручни анализи, несомнено потврдуваат дека одредени примероци од овој импозантен фонд на културни  споменици, можат да се вбројат во редот на најблескавите уметнички достигнувања кои настанаа низ историјата, во поширокиот регион.

Со публикување на основните податоци за овие споменици, несомнено се афирмира уште една значајна страница за вредностите содржани во регионот на НП Пелистер.

Најстариот и најначаен црковен споменик во околината на НП Пелистер e Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, која датира од 1191 гогина (12-ти век). Манастирот св. Горѓи во 1952 г., е прогласен за споменик на културата.

             

За големото значење на овој споменик прочитакте поопширно на web страницата на Преспанско – Пелагониската Православна Епархија (http://www.pppe.mk/2017/sveti-gorgi-kurbinovo-renesansniot-biser-na-prespa/)

Во селото Маловиште – единственото село кое се наоѓа во границите на НП Пелистер, постојат неколку значајни црковни споменици, и тоа: импозантната црква Св. Петка – изградена во 1856 година, во која е сместена постојана галерија на икони со околу 100 примероци во хронолошки распон од приближно 400 години, потоа  Манастирот Св. Ана, на 1. 410м.н.в., и на 2, 5 км. југозападно од селото Маловиште. Црквата Св. Спас, која се наоѓа високо на планината, под врвот Пирамида (Вртешка) на 2. 000 м.н.в., а при влезот во селото, се наоѓа црквата Св. Ѓорги, и јужно, по последната куќа во Маловиште се наоѓа и параклисот на Св. Атанасиј Велики.

   

На Пелагониската страна на Баба Планина и НП Пелистер , во селата Трново и Магарево се наоѓаат три значајни црковни споменици: на влезот од село Трново е храмот посветен на Пресвета Богородица, во центарот на селото Магарево се: црквата Св. Великомаченик Димитриј и Црквата Св. Ѓорѓи, која некогаш била женски манастир.

          

На северната страна на Баба Планина и НП Пелистер, помеѓу другите црковни зданија се наоѓа и Манастирскиот комплекс Св. Петка во село Цапари и Манастирската црква Св. Илија во село Ротино.

             

На преспанската страна Баба Планина и НП Пелистер, покрај Црквата Св. Ѓорѓи во село Курбиново, по своето значење се издвојува и Сливничкиот Манастир – односно Манастирката црква „Рождество на Пресвета Богородица“ која била изградена и зографисана во 1607 година. Овде треба да се спомене и Брајчинскиот манастир, кој се наоѓа околу 500 метри источно од село Брајчино, со црквата „Св. Петка“.

        

Цркви и манастири во, и околу НП Пелистер

Име на селото и име на црква или манастир на страната на Преспа (Ресен) – НП Пелистер:

Долно Дупени – Св. Богородица и Св. Атанас

Љубојно – Св. Петар и Павле, и Св. Јован

Брајчино – Св. Никола и Св. Петка

Сливница – Манастир – Св. Богородица

Штрбово – Св. Атанас

Крани – Св. Ѓорѓи

Курбиново – Св. Ѓорѓи

Грнчари – Св. Илија

Подмочани – Св. Ѓорѓи, и Св. Петар и Павле

Арвати – Св. Архангел Михаил

Рајчица – Св. Никола

Име на селото и името на црквата или манастирот на Пелагониската (Битола)  страната од НП Пелистер:

Маловиште – Св. Петка, Св. Ана, Св. Ѓорѓи и Св. Спас  (Маловиште е единственото село што се наоѓа во границата на НП Пелистер).

Цапари – Св. Петка и Св. Ѓорѓи

Ротино – Св. Никола и  Манастир Св. Илија

Трново – Св. Богородица

Магарево – Св. Димитрија и Св. Ѓорѓи

Нижеполе – Св. Петка

Дихово – Св. Димитрија

Брусник – Св. Димитрија

Лавци – Св. Никола

Буково – Св. Димитрија и Манастир Св. Преображение

Крстоар – Св. Петар и Павле и Манастир Св. Христифор

Бистрица – Св. Ѓорѓи

Олевени – Св. Ѓорѓи

Барешани – Св. Меркуриј

Канино – Св. Богородица

Велушина – Св. Богородица

Драгош – Св. Илија и Св. Никола

Граешница – Св. Богородица

 

Св. Ѓорѓи - Курбиново - најзначаен црковен споменик

Најстариот и најзначаен црковен споменик во околината на НП Пелистер Црквата Св. Ѓорѓи Курбиново            …

Цркви / Манастири во Маловиште

Во селото Маловиште постојат неколку цркви и манастири Црквата Св. Петка  еголемата православна црква  во село Маловиште. Црквата е изградена…

Цркви на Преспанска страна од НП Пелистер

Цркви на Преспанска страна од НП Пелистер                   На преспанската страна Баба…

Цркви на Пелагониската страна на НП Пелистер

Цркви на Пелагониската страна на НП Пелистер На Пелагониската страна на Баба Планина и НП Пелистер, во селата Трново и…