За Пелистер

Историјата е дел од она што сме биле, кои сме, и претпоставка за тоа кои ќе бидеме во иднина. Со истражувањето на овие страници, се надеваме дека ќе го најдете тоа што ве привлекува и пред се, тоа што го барате за Пелистер – но што е уште поважно, ние се надеваме дека ќе откриете и многу други нештa, што ќе ве изненадат. Ве покануваме да дознаете повеќе за историјата на Националниот парк Пелистер и како службениците на националниот парк се ангажирани за да го зачуваат непроценливото природно богатство на Пелистер.

Националниот парк Пелистер беше прогласен со закон донесен од страна на Президиумот на Народна Република Македонија на 30 ноември 1948 година. Во месец декемви 2007 година со посебен закон, дел од Планината Баба со врвот Пелистер повторно е прогласена за национален парк. Според Законот за заштита на природата, Јавната установа Национален парк Пелистер – Битола е одговорна за заштита и управување со паркот.

         

Планината Баба, со врвот Пелистер се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија и е со алпски карактеристики. Пелистер е поставен меѓу долините на Пелагонија и Преспа. Стар е околу 465 милиони години и е највисок врв во паркот, со 2.601 метри надморска височина.

Постојат две легенди поврзани со името Пелистер.

Едни, велат дека името потекнува од грчкиот збор “peristeri” што значи гулаб, заради белосивиот камењар, кој кога го гледате од далечина заликува на гулаб.

Други, веруваат дека е тоа е поради пет-игличестиот бор – петлистер (пет иглички – пет лисја), па од таму – Пелистер.

             

Најзаслужен за добивањето на стаутост Национален Парк е петтоигличниот бор МОЛИКА – што го открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година. Моликата ја има и на други планини на Балканот, но тука гради најкомпактна шумска заедница. Шетајќи низ Пелистер ќе наидете на стебла постари од 230 години. Во пролет и лето, ливадите се накитени со разнобојните цветови на: пелистерската небесна роса, чуваркуќата и пелистерската качунка.

             

Глетката ќе ви ја збогати и летот на дневните пеперутки Scythris crupta и Scyrthris similis кои живеат само на Пелистер. Тука се среќава и ноќната пеперутка Hadena clara macedonica која ја има само во Македонија.

Ако ја сакате археологијата, најдете време да ги посетите населбите од железното доба и средновековниот период кои се во непосредна близина на паркот. Следејќи ја долгата магистрала на познатиот пат од Римско време – Виа Игнација, која поминува низ Пелистер ќе имате и вие можност да чекорите по патот, по кој поминувале Апостол Павле, македонската фаланга, римските легии и византиските цареви.

Распространетост

Националниот парк Пелистер е распространет на Баба Планина и се протега помеѓу Преспанската Котлина на запад и Пелагониската Котлина на исток. На север е ограничен со малата Цапарска Котлина и превалот Ѓавато (1169 m.), со кој е одвоена од планината Бигла, а на југ преку превалот Бигла (1505 m.), се надоврзува на Нередска Планина (2125 m.) во Грција, од која ја дели линијата на државната граница.

Баба Планина и НП Пелистер имаат претежно меридијански правец на протегање во должина од 25 km, а се карактеризира со симетричен изглед, бидејќи планинското било е подеднакво оддалечено од Пелагониската и Преспанската Котлина. Од главното било на планината, се одвојуваат повеќе странични била, на кои има 35 врвови повисоки од 2000 m. Освен највисокиот врв, Пелистер (2601 m.), поистакнати врвови се: Стив (2468 m), Ветерница (2420 m), Муза (2351 m), Бојаџиев Врв (2331 m), Висока Чука (2182 m), Вртешка (2010 m) и др.

             

Националниот парк „Пелистер” опфаќа 38 % од површината на Баба Планина. Географски, територијата на Паркот се простира помеѓу 41°415.96″ и 40°52’27.85″ северна географска ширина и 21°315.29″ и 21°169.41″ источна географска допжина. Детапен опис на границата на НП „Пелистер” е даден во Законот за прогпасување од 2007 година (Спужбен весник на РМ бр. 150/2007).
Вкупната допжина на границата на Паркот изнесува окопу 86,99 km. Растојанието од најисточната до најзападната точка е 20,37 km, а од најсеверната до најјужната точка 23,48 km. Во овие граници површината на Националниот парк Пелистер изнесува 17.170 ha. и во однос на површината утврдена во Законот за прогласување на дел од планината Пелистер за Национален парк, постои разлика од 20 ha., (17.150 ha.) дозволено отстапување од 5%, кое во идното препрогласување, треба да се прецизира.

 

Местоположба на Националниот парк „Пелистер”

Месоположба на Националниот парк                  

Административно, подрачјето на Националниот парк „Пелистер” припаѓа на општините Битола и Ресен. Поголема површина од Паркот припаѓа на општината Битола, односно 12561,32 ha (73 %) од подрачјето, додека останатиот дел 4587,68 ha (27%) територијално припаѓа на општина Ресен. Во границите на паркот постои само една населба – селото Маловиште. Неколку поголеми населби се наоѓаат на контактната зона на Паркот, во непосредното окружување (на растојание помало од 1 km): Кажани, Ротино, Цапари, Магарево и Трново на северната, односно Дихово и Нижепопе на источната граница, а на неколку километри оддалеченост, но сепак во непосредното опкружување, се наоѓаат и селата: Козјак, Арвати и Брајчино, на западната граница на Паркот.